Неколку денови по маршот во Скопје за 8 Март, се уште актуелна е контроверзната парола „црквата да објебе“. На крајот, освен што според многумина оваа парола е навредлива, таа не е ниту оригинална.
За меѓународниот ден на жената во Скопје се одржа марш за женските права. На маршот, кој започна од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, беа побарани заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените.
На маршот најголемо внимание предизвика еден транспарент „црквата да објебе“ со кој се бараше црквата да стои настрана од борбата на жената за своите права.
Но, учесниците на настанот не се ни оригинални. Транспарент со иста содржина „Црква да објебе“ се појави пред неколку месеци на протест во Загреб каде жени протестираа за правото на абортус.