Полицијата идентификуваше 16-годишен малолетник од штипско кој управувал мотоцикл на едно тркало, загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот во Штип.

Случајот бил откриен по видео објавено на социјалните мрежи на 15 октомври, на кое се гледа како малолетникот го управува мотоциклот на едно тркало.

По преземените мерки, полициски службеници од СВР Штип на 18 октомври го пронашле 16-годишникот и извршиле службен разговор со него во присуство на негов родител.

При проверките било утврдено дека малолетникот управувал со мотоциклот пред да се стекне со право на управување со моторно возило.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.