Стручното мислење дадено од страна на архитектот и професот Мирослав Грчев, докажува дека објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски бил граден спротивно на одобрението. Во документот од 2011 година, Грчев посочува дека спорниот објект, за кој судскиот случај е сè уште во тек, сепак имал отстапување во градбата.
На едно од последните рочишта Цановски потврди дека го ангажирал Грчев за мислење и вештачење, но не можеше да се сети дали го има видено извештајот и какви забелешки имал професорот.
За уривањето на „Космос“ во случајот ТНТ се теретат поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски и други четири лица. Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на станбено-деловниот комплекс на Цаноски.
Но, досегашните рочишта за предметот и повеќето сведоци, покажуваат дека рушењето на комплексот било оправдано и легално, а дека самиот Цаноски како инвеститор бил запознаен е дивоградба.
Па така, кога поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски го испрашуваше Цаноски како сведок, посочи дека добро знаел и за ДУП-от за објектот, и за големината, и за пристапните улици…
Минатиот пат сведокот рече дека не знае ништо, а сега гледаме дека знаел и бил информиран за целата документација, објасни Трајковски.
И Цаноски беше принуден пред судот да потврди дека знаел за целата постапка.
Јас како сопственик и основач морав да дадам согласност за големите работи во фирмата, призна Цаноски.
На тоа се надоврза и судијата Огнен Ставрев, кој посочи дека „Не може инвеститор да не знае што прави“.