Европската интеграција на Македонија, регионалната соработка и улогата на мултилатерализмот во справувањето со глобалните предизвици биле меѓу главните теми на средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Средбата се одржала синоќа во Њујорк, во рамките на учеството на Мицкоски на 81. сесија на Генералното собрание на ОН.

Според соопштението од кабинетот на генералниот секретар, во разговорот била нагласена одличната соработка меѓу Македонија и Обединетите нации. Двете страни ја потврдиле и заедничката посветеност на натамошното унапредување на партнерските односи.

Мицкоски и Гутереш разговарале и за европскиот пат на земјата, продлабочувањето на соработката во регионот и поддршката на мултилатерализмот како основа за справување со актуелните глобални предизвици.

Средбата следувала по обраќањето на македонскиот премиер на генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Во говорот, Мицкоски ги претставил ставовите на државата за актуелните меѓународни и домашни прашања.