Вакцините му биле донирани на Косово од Норвешка, а истекле на 31 август.

Поради пропагандата на некои групи за штетноста на вакцините, тешкотиите во добивање датуми за вакцинација и неподготвеноста на самите граѓани, Косово е меѓу земјите со најниска стапка на вакцинација во Европа од 15,7%.

Во последните седум дена, 157 луѓе починале од инфекција со коронавирус на Косово. Зголемувањето на бројот на инфекции се припишува на големите собири како што се свадби и целосното укинување на сите мерки.

Од оваа недела, воведени се нови ограничувања, вклучително и полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, пишува Ројтерс.

На Косово, граѓаните можеа да изберат помеѓу вакцините АстраЗенека и Фајзер. Но, поради некои извештаи за несакани ефекти по добивањето на AstraZeneca, луѓето најчесто го избрале Pfizer.

Косовскиот министер за здравство Арбен Витиа рече дека земјата ќе добие 500.000 вакцини Pfizer од САД и 250.000 AstraZeneca од Германија и Италија во наредните денови.