Поразот од Романија во наелектризирана атмосфера во Букурешт го остави Косово без шанси за пласман на ЕП во Германија.

Фудбалерот на Лил, Едон Жегрова ја обвини Фудбалската федерација за неуспехот, по што следуваше напад кон него, меѓу кои и од новинарката Чека Крелани.

„Не можам сериозно да го сфатам тој играч со број 10. Дали проблемот беше вашиот егоцентризам на теренот или косовската федерација? Можно е за идните натпревари итно да почнам со подготовките за церемонијата за пензионирање на неколку играчи од репрезентацијата. За да не убедите дека сте достојни за дресот на нашата земја, мора да играте на теренот. Не го заслужувате овој дрес“, изјави Крелани.