Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја разреши директорката на националната филхармонија Тина Иванова, како и членовите на Управниот одбор на установата. Одлуката е донесена по извршениот увид во работата на Филхармонија од страна на Комисија именувана од Министерството за култура.

Комисијата открила низа неправилности па Образложението за разрешување се повикува на Законот за користење и располагање со работите во државна и општествена сопственост, според кои директорката Иванова требало да постапува совесно, економично, соодветно, уредно, навремено и со склучените договори и правилници при издавање на просториите од Филхармонија.

Смена во Филхармонија: Разрешена директорката Иванова

Директорката пак на Филхармонијата, Тина Иванова, по повод нејзиното разрешување од работната функција вели дека тоа се случило бидејќи застанала на страната на колективот, а не поради несовесно работење.

Тврди дека ја разрешуваат поради непослушност. Вели дека после месеци тортура врз неа и колективот од страна на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, на некој начин разрешувањето и претставува и растоварување од континуираниот мобинг зашто сите тие притисоци, навреди, обиди за понижувања, се нешто неразбирливо за нејзиниот урбан културолошки карактер.

Како што додаде, резултатите од инспекциите се јавно достапни документи и секој кој е заинтересиран може да види дека работата е прилично јасна и чиста.

„На новото раководство на Филхармонијата на чело со новоназначениот директор им посакувам успешна сезона, на вработените благодарност за четиригодишната кооперативност и посветеност, на Национален оркестар натамошна афирмација, на директорите на другите културни институции им праќам силна поддршка да истраат во оваа борба со ветерници, затоа што, како што во многу наврати сме дискутирале, ваков пандан на декултурализација на нашата национална култура немало никогаш во поновата историја на Македонија“, вели Иванова во јавно обраќање.