-ДЕСЕТ милиони денари за образование и спорт, ќе набавиме смарт табли за основните училишта, ќе опремиме неколку училишта со современи информатички кабинети. Ќе изградиме две модерни баскет игралишта, ТРИ милиони денари за детска заштита (градинки), објави Костовски на Фејсбук.
Костовски посочи дека ќе обезбедат се што е неопходно за дечињата во градинките да се чувствуваат комотно, а значително ќе се подигне квалитетот на нивниот престој.