Во продолжение прочитајте го Фејсбук статусот на Дарко Костовски кој во целост ви го пренесуваме:
Граѓаните нѐ гледаат со доверба, затоа што изминативе години беа соочени со лажни ветувања, а добија само нереални и нереализирани проекти. Благодарност до пензионерите од општина Бутел за оваа континуирана поддршка која исклучително ми значи.
Понижувањата кои ги трпеа во изматиот период од страна на локалната самоуправа ќе станат минато.
Се обврзавме за:
✅ нови пензионерски домови во секое населено место каде што е потребно
✅ реновирање на сите постоечки пензионерски домови
✅ За нов посебен фонд кој ќе го збогати социјалниот и клултурниот живот на пензионерите во општина Бутел!
Создавањето на заедничка иднина како за нив така и за нивните деца и внуци е наш предизвик.
Општина Бутел мора да биде достојно место за живот на сите граѓани!