„Ги излажавте граѓаните на Бутел, сите 15 проекти што ги ветивте, не ги реализиравте. Ви ги прочитав сите 15. Не ми треба комоција како градоначалник на Бутел. Бутел нема амбуланта. Јас веднаш ја нудам мојата канцеларија, целата општина за амбуланта. Ќе се снаоѓа администрацијата. Храбро е Смилевски што воопшто дојде на соочување иако знае дека нема направено ништо за Бутел“ – вели Дарко Костовски