Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски синод и до сите верници по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

– Победата на животот над смртта што ја симболизира Велигден, е силна порака за успехот на храбрите одлуки, кога се носат со искрена верба во заедничкото добро. Во овие времиња на војна на европскиот континент и на светска економска и енергетска криза, повеќе од потребна е обновата на гласот на совеста кај секого и издигнување над лични интереси, со цел заедно да ги осигураме просперитетот и перспективите на сегашните и идните генерации. Како што покажува и овој празник, исправниот пат ја искушува вербата, за да ја зацврсти волјата со којашто единствено можно да се постигнат колективниот мир и благосостојба, пишува во честитката.