Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон, се сретна и со членови на бордот на Атланскиот Совет (Atlantic Council). На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Преку дијалог и размена на мислења со експерти се говореше за повеќе теми од интерес како динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, напорите за справување со енергетската криза, борбата против корупцијата, како и за приоритетите на земјата со претседавање со ОБСЕ.

На Советот беа споделени мислења дека клучно за Северна Македонија и за земјите од Западен Балкан е спроведувањето на реформите, владеењето на правото, што побрза интеграција во ЕУ. Тоа ќе придонесе за економското закрепнување, како и за долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата и регионот со што ќе се зајакне привлечноста за странските инвеститори.