По претседателот Стево Пендаровски, и премиерот Димитар Ковачевски, упати сочувство кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за страотниот земјотрес што утрово ја погоди југоисточна Турција.
„Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите. Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочувство кон Реџеп Таип Ердоган за изгубените животи, и посакувам брзо опоравување на повредените“, вели Ковачевски.
Бројот на загинати во Труција е најмалку 284 лица. Земјотресот силно ја погоди и Сирија, каде според информациите објавени во медиумите, загинале најмалку 237 лица.
Засега нема информации за наши државјани настрадани или повредени во разорниот земјотрес. Од МНР утрово објави и телефонски броеви кои се достапни 24-часа за прашања и помош:
- Амбасада на Северна Македонија во Анкара: +905394569710;
- Генерален конзулат во Истанбул +905456149777;
- СОС телефон на МНР во Скопје: +38975273732.