-На денешниот ден ги означуваме сите предновогодишни, новогодишни и божикни празници со најзагрозената категорија бездомниците со еден предновогодишен богат ручек. Пунктот за бездомници содржи стационарен дел кој што веќе 11 години е место кое што се згрижува оваа ранлива група каде што при екстремно ниските температури е отворено 24 часа и ја дава максималната поддршка, истакна Драгана Лазаревска, координатор на Пунктот за бездомници на Црвен крст.

При екстремно ниските температури од декември до март мобилниот тим кој ја опслужува оваа ранлива категорија се директно излезени на терен за да ги лоцираат бездомниците, со цел да им набават ќебиња, топли напитоци, витамини вреќи за спиење, оброк, медикаменти. Овие тимови излегуваат на терен и по дојава на совесни граѓани.

Лазаревска воедно изрази загриженост за бројката на бездомници која секоја година се зголемува, особено по појавата на пандемијата.

-Пунктот за бездомници на неделна основа опслужува 150 до 160 лица, оваа бројка хронолошки се зголемува од година во година и тоа рапидно можеби ужаснува фактот што се зголемува оваа бројка. Можам со сигурност да кажам дека изминатите три години за 50 проценти се зголеми бројката на бездомниците, а тоа е резултат на ковид ситуацијата. Во 2008 година кога се отвори пунктот бројот на бездомници беше 10 во 2012 се зголеми на 50 во 17 на 90 до 100 и откако се појави пандемијата во 2019 оваа бројка порасна на 150, појасни Лазаревска.

На настанот присуствуваше и сопругата на бугарскиот амбасадор во државава Биљана Ангелова која порача дека овие лица имат потреба од помош во текот на целата година, а не само за божиќните и велигденските празници. Од Амбасадата подготвиче пакетчиња со играчки, училишен прибор и слатки. – Се надевам дека ќе им биде убаво на децата со овој мал гест и би ја искористила ова прилика да испратам порака дека заедно сме посилно и да правиме добро заедно, порача Ангелова.