Полицијата ги лиши од слобода А.Ѓ.(30), В.Р.(29) и Т.С.(38), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба.
Како што соопшти МВР, лицата на 14 јануари годинава одзеле поголема сума на пари од продажен објект во Свети Николе, но набрзо по извршеното кривично дело, во координирана акција на полициските службеници, тие се приведени во полициска станица.
По наредба на Јавен обвинител извршени се претреси кај лицата, при што се пронајдени и одземени пари, а до ОЈО Свети Николе поднесена е кривична пријава.