„Крајната цел е пад на режимот на ДУИ, а Северна Македонија да има европска иднина. Ништо нема да не‘ спречи да ги обединиме Албанците“, ваков заклучок донесоа при формирање на пратеничката група лидерите на трите албански партии кои се обединија за, како што велат, да го поразат Али Ахмети. Овде членуваат Африм Гаши од Алтернатива, Изет Меџити од Демократко Движење (претходно познати како: Огнени) и Билал Касами од БЕСА.

Од коалицијата „Европски сојуз за промени“ информираа дека пратеничката Сафије Садики Шаини ќе биде нивен координатор, додека заменик-координатор пратеничката Мерита Коџаџику.

И покрај тоа што мандатот е при крај, тие велат дека ќе ги искористат сите можности кои ги дава Деловникот на Собранието за пратеничките групи.

Во овој правец, и формирањето на пратеничката група ќе биде додадена вредност во оваа соработка. Од тука сакаме на граѓаните да им ја соопштиме радосната вест дека нашето здружување расте и нашата моќ се зголемува, велат од Сојузот.

Оттаму апелираа до претседателот на Собранието „да не го пролонгира изборот на членот на ДИК кој и следува на опозицијата, бидејќи тоа го прави соучесник во непочитувањето на Изборниот законик“.

Според изјавата, на денешната прес-конференција, Африм Гаши објави дека коалицијата ќе ги обедини пратениците во една пратеничка група. Денеска беше поднесено известување до претседателот на Собранието за ова. Тој истакна дека има многу отворени прашања и процеси поврзани со европската иднина на земјата и дека се заинтересирани да помогнат. Исто така, апелираа до претседателот на Собранието да не го пролонгира изборот на членот на ДИК кој му следува на опозицијата, бидејќи тоа го сметаат за непочитување на Изборниот законик. Истакнаа дека се одлучни да продолжат со борбата за ослободување на Албанците од режимот на ДУИ.

Ние сме одлучни оваа битка да ја водиме се до целосното ослободување на Албанците од режимот на ДУИ и нивните чираци. Во овој пат ништо не не обесхрабрува. Напротив, колку повеќе сметаат дека не напаѓаат и попречуваат, ова само не прави посилни. Мнозинството од албанскиот народ во Северна Македонија, кој сакаше нас да не види заедно во овој Сојуз, сака промена и оваа лавина на промена никој не може да ја спречи. Ние сме тука само за да ја исполниме оваа обврска и вредно да работиме за да овозможиме успех на нашата заедничка иднина, информираат од опозициската група.