Кралицата Елизабета Втора, сопругата на покојниот принц Филип, пристигна на неговиот погреб одвоена од другите членови на семејството. Додека останатите членови на семејството одеа придружени со ковчегот, кралицата веќе беше во капелата.

Сместена беше најблизу до постаментот на кој подоцна беше поставен  ковчегот, таа со солзи чекаше да започне церемонијата.

Веста за смртта на принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, секако, длабоко го шокираше британското кралско семејство, но и пошироката јавност, на која не му беше дозволено да присуствува на погребот поради епидемиолошки мерки.