Кренар Лога и други членови на Европскиот фронт со реакција на одлуката на Арбен Таравари за директори на Клиники и институти да постави 10 Македонци и еден припадник на турската заедница. Тие реагираат на тоа што нема ниту еден Албанец од директорите.
„Секој ден сè повеќе се докажува зошто Алијансата мораше да остане со Албанците.
Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска назначи 11 директори на клиники и универзитетски институти. Од нив 10 се Македонци, 1 Турчин и нема Албанец.
Универзитетска клиника за уво, нос и грло – д-р Игор Камшикоски
Универзитетска клиника за дерматологија – д-р Катерина Дамевска
Универзитетски институт за радиологија – д-р Соња Николова
Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – д-р Ирена Алексиоска-Папастиев
Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања – д-р Танер Хасан
Универзитетска клиника за психијатрија – д-р Славица Арсова-Хаџијангелковска
Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија – д-р Мери Трајковска
Универзитетска клиника за нефрологија – д-р Никола Ѓоргиевски
Универзитетска клиника за ревматологија – д-р Емилија Сандевска
Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – д-р Злате Ме
Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – д-р Небојша Настов
Вазалноста не вреди, има висока цена!“ се вели во постот што се споделува на Фејсбук.