Ноќеска било ограбено финансиско друштво во трговски центар на подрачјето на општина Карпош, соопшти МВР.
Според полицискиот билтен, на 16.01.2026 година во 03:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека со употреба на сила било влезено во просториите на финансиското друштво, при што биле одземени пари.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
