Кристијано Роналдо откако се навикна на новата средина, стана незапирлив во првенството на Саудиска Арабија, денеска постигна три гола за победа на Ал Наср од 3-0 на гостувањето кај Дамак.

Хет-трикот Роналдо го постигна во првото полувреме. Најпрво во 18. минута од пенал донесе водство за Ал Наср од 1-0.

Пет минути подоцна постигна убав гол за зголемено водство на 2-0.

Пред крајот на првиот дел погоди уште еднаш, откако несебично беше проигран од својот соиграч со што ги постави конечните 3-0.

Даде гол и во второто полувреме, но му беше поништен поради офсајд.

Иако во Саудиска Арабија дојде на полусезона, Роналдо веќе се искачи на четвртото место на листата на стрелци во лигата со осум постигнати гола.