Поради непристапниот терен гаснењето со возила е невозможно, па вработени во Шумско стопанство, Противпожарната единица на Старо Нагоричене и МВР, пожарот го гаснат рачно.

– Утринава во акцијата беа вклучени српските хеликоптери и пожарот беше ставен контрола, но ветрот што почна да дува повторно го разгоре. Состојабата е алармантна, бидејќи ние од оваа страна немаме пристап до пожарот. Ја следиме состојбата за да ги евакуираме жителите на Аљинце и околните села ако пожарот се доближи до куќите, велат од полицијата.

И в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, посочи дека состојбата во Општината Старо Нагоричане, околу селото Дренак е најсериозна во целата држава.

– Состојбата се менува од час во час, но ние ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси, и верувам доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, вели Ангелов.