Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до УО на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.

Бојкотот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.

Железничкиот сообраќај во нашата држава ги живее најлошите години од своето постоење, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочуваат дека не се памети кога железниците во Република Македонија биле во олку лоша состојба.

-Железниците се во вештачка кома. За жал, на праг сме на целосно замирање на железничкиот сообраќај, а со тоа Македонија да стане единствената земја во Европа без железнички сообраќај. Пред 3 години со укинувањето на единствената меѓународна железничка линија Солун-Скопје-Белград, станавме меѓународно железнички изолирана земја, а сега со укинувањето на внатрешните железнички линии кон Кичево и Кочани се најавува и домашно замирање на овој превоз, изјаи денеска .

Од опозициската партија дадоа поддршка на вработените во железница кои ја бараат платата за јуни, за да се нормализира сообраќајот кој е во прекин.