СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(35) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Министерството за внатрешни раб оти информира дека вчера во деловен објект во село Голема Речица, пријавениот со закана, поради претходно нерасчистени меѓусебни односи за наводен финансиски долг, од И.А. од истото село барал да му го врати наводниот долг во износ од 22.000 евра. Тој, исто така, оштетил стакло од објектот и едно возило на правното лице.