Од тетовската полиција информираат дека вчера во средно училиште имало приведување на ученици кај кои била најдена марихуана. Според информацијата на СВР Тетово, малолетниците се лишени од слобода во присуство на нивни родители.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 18.45 часот, во дворот на тетовското средно училиште во кое учеле, во присуство на нивните родители, лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско село, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден приведени се уште три лица, кај кои при преглед е најдена марихуана.

Околу 21.20 часот, на регионалниот пат во тетовското Долно Палчиште, лишени од слобода се А.К.(24), М.С.(29) и Ф.И.(23), тројцата од ова село, затоа што при нивен и преглед на возилото „форд“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, а го управувал А.К. била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица, информира Јосифоски.

Во билтенот на случувања евидентирано е дека и во кругот на Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово била пронајдена марихуана, по што е направен увид.