ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Ц. (51) од Охрид, Б.Н. (47) од струшкото село Радожда и С.Б.(53) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР наведоа дека пријавените во својство на инвеститори, кај месноста „Лојиште“ во атарот на струшкото село Радожда, во текот на 2021 година, спротивно на одобрението и основниот проект, започнале со градба на три угостителски објекти.
– По извршениот инспекциски надзор, донесено било решение со кое на инвеститорот му се наложува да се отстранат неправилностите, додадоа од МВР.