СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на февруари 2022 година, пријавениот, користејќи група на социјалната мрежа Фејсбук, измамил 60-годишна жена од Скопје дека е адвокат, при што за наводна правна услуга против нејзиниот поранешен работодавач, во три наврати ја навел да му исплати 28.500 денари.