Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пијава против С.Р.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“.
– Лицето на 27 септември годинава и покрај забраната за движење и задолжителна изолација по издадено решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се упатил во спортска обложувалница во Струга и со остар предмет физички го нападнал вработениот во објектот, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.