На 10.09.2021, пријавениот на неговата тетка телефонски ѝ кажал дека неговите родители имале сообраќајна несреќа во која била повредена и нејзината сестра и дека од болницата им побарале пари за нејзино лекување.

Таа му дала 450 евра за лекување на нејзината сестра, а откако се јавил повторно и побарал пари за лекување и на неговите родители таа се посомневала и отишла во болницата во Тетово да ги провери наводите. Откако ѝ било потврдено дека нема пациенти со такви лични податоци, случајот го пријавила во СВР Тетово.

Набргу потоа, тој бил пронајден и приведен и во службен разговор со полициски службеници изјавил дека парите ги потрошил во казино.