Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А.(25) од Охрид и против фирма со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

„Пријавениот, во својство на управител во правниот субјект, од јуни до октомври 2022 година неовластено узурпирал околу 200 метри квадратни простор на плажа пред хотел покрај брегот на Охридското Езеро, кој со пропис е прогласен за имот од општа употреба и противправно поставил 50 чадори за сонце и 120 лежалки. Тоа го направил без да добие одобрение од надлежните служби во општина Охрид“, соопшти МВР.