Тие предлагаат полицискиот час, којшто сега започнува во 22.00 часот и трае до 05.00 часот, да започнува во 19.00 и да трае до 05.00 часот наутро. Ваквата мерка, да трае во наредните две до три недели, затоа што во тој период очекуваме овој тн. трет бран на пандемијата да го достигне својот пик.

-Британскиот сој на вирусот стана доминантен во Прилеп, а во последно време меѓу заболените има се’ повеќе помлади лица. Како дополнителни причини, заради кои заразата во Прилеп добива драматични размери, се и куќните дружби на граѓаните во поголем број, кои тешко се контролираат и се кријат од јавноста. Со таквото крајно неодговорно однесување, одредени поединци го загрозуваат не само личното здравје и здравјето на своите најблиски, туку и јавното здравје.Дополнително, олабавувањето на мерките и уште повеќе, комотното однесување на поголем дел од граѓаните кога е во прашање почитувањето на мерките за заштита, и тоа на сите нивоа, на работните места во многу јавни институциии и приватни компании, допринесе за влошувањето на ситуацијата во Прилеп, рече градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.