Дијаз-Канел, кој претходно ги обвинуваше САД за протестите, за првпат зборуваше со критики за кубанската влада во телевизиско обраќање.

На демонстрациите, најголеми на Куба во последните неколку децении, илјадници луѓе излегоа на улиците во неделата да изразат незадоволство од недостиг на храна, зголемувањето на цените и прекинувањето на електричната енергија, а некои повикуваат на промена на владата.

Полицијата уапси десетина демонстранти.

-Треба да научиме лекција од немирите. Треба да направиме и критичка анализа на нашите проблеми со цел да дејствуваме, да ги надминеме и да избегнеме повторување, рече претседателот.

Тој претходно ја обвини американската влада дека спроведува политика на „економско задушување за да предизвика социјални немири на островот“.