Како што се наведува, објектот се продава по цена од 28 милиони долари, откако била празна 20 години, уште од терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

Изградена во 1931 година, куќата се наоѓа на земјиште со големина од околу еден хектар, а има 660 квадратни метри со седум соби и пет купатила.

Ибрахим бин Ладен ја купил вилата изградена во медитерански стил во 1983 година за 1.653.000 долари, а денес истата би ја платил 5,5 милиони долари, поради инфлацијата од 38 отсто.

Изградена е од бетонски ѕидови и обоена во розе. Куќата и целиот имот се наоѓаат на неколку блокови од познатиот хотел „Бел ер“. Во непосредна близина се наоѓаат двете најголеми вили, едната на израелскиот претприемач Бени Алагем, а другата на тајкунот Џефри Каплан.