Педесет и две годишна жена од Куманово е тешко повредена по превртување на возилото кое го управувала на автопатот Тетово-Скопје денес околу 13 часот. Сообраќајната несреќа се случила на излезот од Тетово, во близина на клучката Север.

-Патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишната А.М. од Куманово, се превртело на коловоз.Во несреќата, А.М., која била сама во возилото, задобила тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.а