Таа истакна дека Заев во 2013 година го одзеде правото на членовите на општинските организации самите да го избираат својот претседател, па по тоа не може да се рече дека е демократизација затоа што тој во 2013 година го одзел правото на локалните ограноци да го избираат својот претседател.
– Би можело да се рече дека е демократизација на партијата доколку се работеше за човек кој првата работа којашто ја направи кога дојде во СДСМ во 2013 година го одзеде правото на членовите на општинските организации самите да го избираат својот претседател, истакна Софија Куновска.
Таа вели дека не станува збор за конзистентна одлука на Заев, туку моментална потреба која отвара голем сомнеж дали навистина е пи-ар решение или вистинска демократизација, затоа што Зоран Заев е неспорен претседател во СДСМ, која била потребата за Заев да ја зацврсти својата „неприкосновеност“ може да се дискутира.
– Факт е Заев е неприкосновен во СДСМ и него не може никој да го победи во партијата, но дали е поради брилијантните политики на Зоран Заев, дали е причина начинот на кој се европеизираме, дали е причина начинот на кој се справуваме со корупцијата или е Заев „златниот клуч“ за распределба на функции, вработувања и позиции во власта и во државата, праша Куновска.
Таа вели дека се помалку има луѓе кои веруваат дека има такви кои би се ставиле на располагање на СДСМ заради добрите политики кои ги има СДСМ, впрочем вчера имаше преполовено членство од некогашните 140.000 членови.
Куновска праша дали е логично ако се земе во предвид некогашното членство кое броело над 140.000 членови, ако навистина стануваше збор за силни политики и за решеност за справување со сите наталожени проблеми, кога СДСМ ја има целосната власт, а членството да се преполовува.