Приштинска Коха пишува дека тој мислел на Србија.

Курти во косовското собрание кажа дека сè додека граѓаните на Косово плаќаат за табличките кога ќе влезат во Србија, на сила ќе биде и обврската сите возила да ја имаат ознаката „РКС“.

Кажа дека косовската полиција денес презела „неопходни акции и ги конфискувала сите неважечки таблички“ на административните премини.

Тој додаде дека на 15 септември истекол договорот за табличките постигнат во рамки на Бриселскиот договор и наведе дека од тогаш престанало издавањето таблички со ознака „КС“.

Очекувам сите граѓани правилно да разберат, денес почнува примената на договорот кој Србија го договори со Европската Унија. Регистарските таблички не се наша желба, туку тоа го наметнува другата страна, кажа Курти.