Претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска испрати писмо до премиерот на Шпанија, Педро Санчез, во кое наведува дека Европска Унија треба повеќе да направи за да ги зајакне критичните точки на границите на ЕУ.
Таа во писмото ја потврди поддршката на ЕУ за Шпанија во нејзините напори за справување со нелегалната имиграција.
– Во соработка со Шпанија, особено во сè што е поврзано со Сеута и Мелиља, можеме да ги зајакнеме системите за рано предупредување на границите и да ја подобриме нашата техничка и финансиска поддршка за Мароко, посочи Лајен.
Лајен писмото го испрати откако минатата недела илјадници мигранти од Мароко влегоа во северноафриканската шпанската енклава Сеута, при што загинаа најмалку 72 луѓе.
