Македонија може да напредува само со комплетна индустријализација и така да ја сопре сопствената економска пропаст, оценува во колумната насловена „Обединети гробари – против ЕУ и НАТО“ аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов. Тој во колумната продолжи со т.н. разоткривање на намерите на еко-активистите кои се противат на инвестициите во рударството и особено во рудникот за бакар во Иловица. Грозданов нив ги нарекува „еколошки лажњаци“ и „зелена мафија“ и напиша дека овие активисти се добро обучени, пласираат манипулативни информации и креваат паника кај население.

ПИШУВА ВИКТОР ГРОЗДАНОВ

– Апсолутно ги разбирам ликовите кои од клиентелистички побуди прифаќаат лажно да се претставуваат како Еко активисти кои се свесни или несвесни дека всушност одработуваат за економската пропаст на државата, туку ми е многу криво што во високите позиции во општеството на различни политички власти во последниве 15 години има луѓе кои свесно работат на финансиско разнебитување на Македонија. Сакаат едноставно да не стават во стечај. И овие скриени личности Ви се претставуваат како академици, професори, политичари, аналитичари, новинари итн, а впрочем се „Сеачи на Страв“. Играат на картата емоција. А емоција е најбитната алатка во Македонија од која излага несекојдневниот израз познат само за овие простори: ИНАЕТ. Морам да признам мошне умно. Ама инаетот има две страни. Е на едната страна сум јас и оние кои промовираат Индустријализација преку Металургија која ќе го користи своето природно богатсво на металична руда во вредност од 18 милијарди евра и ќе го зголеми преку екстрактива и преработувачка металургија на 70 милијарди евра. Има да се направи инвестициски фронт за производство до последен штраф, а ископан и истопен во Македонија, пишува Грозданов.

Аналитичарот во колумната директно и се обраќа и на еко-активистката Милена Зафирова, од која добил лажни обвинувања откако започнал со колумните со кои ги разобличува нивните намери.

-Ми става на товар дека Никола Груевски ме инспирирал за моите рударски текстови и тоа финансиски. За Милена мене ми е многу жал што не ја примиле во рудникот Иловица-Штука каде аплицирала како археолог. Исто ми е жал што нејзиниот татко е на многу слики со некогашниот директор Стив Шарп на Иловица-Штука и сега не е ангажиран. Исто така ми е многу жал што на оваа девојка и вадат муабет за следниве работи, за кои должи одговори на јавноста, особено на оние искрени луѓе кои со умисла се оставени да живеат во страв дека некој навистина ќе ги труе нив и нивните деца: 1. Дали организирала протести и плаќала по 1500 денари и сендвич? 2. Дали собирала пари од оние кои во туѓина со тешки маки го вадат лебот и наводно после ги трошела на разни туристички дестинации 3. Точно ли е дека нејзината мајка била директор во некое комунално претпријатие (Огражден, во Општина Босилово)? 4. Дали е вистина дека во истото претпријатие направила штета од 300.000 илјади евра?, прашува Грозданов.