– Ако ова што го пренесуваат медиумите е вистина, а кое се однесува на предлогот кој Заев го дал на бугарската страна тоа ќе значи четири работи, посочи Лефков.

Прво, појасни тој, ќе значи дека дека Заев наспроти неговите уверувања и тврдења дека не се преговара за посебноста на македонскиот јазик, тој безочно ја лажел јавноста. Ова директно потврдува дека се преговара токму за посебноста на македонскиот јазик кој е наше идентитетско обележје.

Второ, додаде пратеникот,Заев со ова ја прифаќа негаторската теза на круговите во Софија, дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти јазици, што пак е директно загрозување на нашиот идентитет.

– Трето, ова значи дека Заев ги потврдува бугарските тези дека се до кодификацијата на македонскиот јазик во 1945 година, македонскиот јазик бил форма или дијалект на бугарскиот јазик, што е апсолутно неточно. Ваквото тврдење е негирање на историскиот континуитет на македонскиот јазик, смета Лефков.

Четврто, потенцира, тој, Заев на овој начин покажува дека во преговорите врши национално предавство по теркот на Преспа.

Пратеникот укажа дека доколку Заев прифати вакво решение или формулација, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го прифати и ќе го напушти договорот.