Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска истакна дека дволичноста и лицемерието на СДСМ го почувствуваа и наставниците.

-СДСМ и владејачкото мнозинство без тронка срам го одбија нашиот Предлог-закон за зголемување на платите на наставниците. Повторно ароганција и потценување на просветните работници. Тоа било и секогаш ќе биде одлика на СДСМ и нивното владеење. Имено, СДСМ одлучи дека нивниот концепт на груба партизација преку укинување на механизмите за контрола на квалитетот во образованието е подобро решение отколку концептот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на сите просветни работници. Страшно и срамно. Ова е вистинското лице на СДСМ. Ова е таканаречениот и фамозен „шведски“ концепт со кој што СДСМ веќе 5 години го деградира и уништува образованието во Република Македонија. Тие се однесуваат како да нема утре, воопшто не ги интересираат ниту наставниците и стручниот кадар, ниту пак иднината на најмладите. Иако се свесни за последиците, тие не отстапуваат од нивната намера, изјави пратеникот.

Лефков посочи дека СДСМ и нејзините пратеници во Собранието пред очите на сите просветни работници и пред целата македонска јавност, покажаа на дело која е вистинската цел со нивното законско решение и покажаа дека не сакаат законско решение кое ќе значи поквалитетен и подобар образовен систем во Република Македонија.

Вели, тие одбрале брутална партизација и полнење на училиштата со партиски и нестручни кадри, врз грбот на професионалните и искусните просветни работници, но и пострашно, врз грбот на децата и најмладите.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата подаде рака и понуди позитивно законско решение, но СДСМ и нејзините пратеници, очигледно водејќи се само од своите лични и партиско-коалициски интереси, без око да им трепне го одбија тоа и докажаа дека за нив најважно е исполнувањето на зацртаната партиско-кадровска агенда, а не барањата на наставниците и доброто на најмладите. Сите знаеме дека СДСМ едно зборува, а друго прави. Ветуваа живот за сите, а испорачаа само пустош. За аспурдот да биде уште поголем, и покрај се’ од денес пак ќе бидеме сведоци и ќе гледаме како СДСМ, со раката на срце и со удирање во гради, преку својата скапо платена ПиАр машинерија, повторно ќе зборува и ќе ветува се’ и сешто. Но за среќа, овој пат тоа нема да им помине. Целата македонска јавност, но и сите просветни работници, веќе го препознаа лицемерието на СДСМ. И во СДСМ знаат дека од казната на народот веќе нема бегање и тоа ќе го видат на следните избори, нагласува Лефков.