Лефков истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не даде поддршка за овој закон и повика истиот да биде повлечен бидејќи исто како и Законот за Клинички покрај тоа што отвора пат за злоупотреби од страна на власта, законот суспендира други закони.
– Законот за изградба на Клинички центар власта предвидуваше суспендирање на други 4 закони. обично гледаме една пракса кај власта кога имаат одредена намера да постапуваат надвор од законите тие се обидуваат да донесат нов закон со кој ќе го озаконат незаконското постапување. Така беше и со Законот за изградба на Клинички центар, рече Лефков.
Лефков вели дека власта постојано сака да манипулира со законите и дека тоа може да се види и кај Законот за државјанство кој сакат да го донесат со европско знаменце.
– Секогаш кога власта сака да избегне дискусија гледаме дека Законот се појавува со европско знаменце. Кога прв пат беше поднесен закон за државјанство, ние како опозиција поднесовме голем број на амандмани. Гледаме дека Заев и СДСМ немаат ограничувања кога преговараат и кога сакаат да ги злоупотребат процедурите. Бидејќи законот го носат со европско знаменце, ние планираме во целост да ги почитуваме европските конвенции и во таа насока ќе предложиме амандмани и во зависност од тоа дали ќе бидат прифатени нашите забелешки ќе одлучиме дали ќе го прифатиме, истакна Лефков.
Во однос на Законот за попис, тој додаде дека забелешките дадени за Законот за попис остануваат сите до една.
– Тоа е статистичка операција која кај нас се претвори во политичка операција. Важно е кои се резидентни, а кои не се резидентни граѓани, на кој начин ќе се попишуваат, на кој начин ќе се третираат вкупните бројки, спорно е дека трети лица можат да даваат информации за вас и за вашата етничка и религиозна припадност, нагласи Лефков.