На Ленче Ристоска, од поранешно СЈО, на прашање во последното издание на емисијата Анализа, на телевизија 24, и беше поставено прашањето ,,Дали е точно дека вие сте биле цело време и постојано во канцеларијата на Коцевски и дека од таму сте функционирале? Точно ли е дека сте поседувале клучеви од разноразни сефови каде што се чуваат материјали од прислушкуваните разговори“.

Ристоска вели дека таа заедно со колешката Елизабета Јосифовска имале пристап до сефовите каде во тој момент се чувале незаконските прислушкуваните незаконски материјали.

Дека СЈО беше со многу голем интегритет, па тие за уште повеќе да го зголемат, си ги поделиле клучевите и шифрите потребни за пристап до тие сефови.

Како да не беше доволен некредибилитетот и на Ристоска и на Јосифовска, а со оваа изјава Ристоска кажа и дека во нејзината канцеларија во СЈО имало сеф, до кој таа немала пристап, а ја користел обвинителот Љупчо Коцевски.

Еве што точно кажа Ристоска:

,,Јас сум задолжена, заедно со колешката Елизабета Јосифовска, да ги чуваме клучевите од сефовите каде се сместени незаконски прислушкуваните материјали, со цел да го зголемиме интегритетот на процесот. Тоа се комплицирани сефови кои што не може да ги отворите, ако немате паралелно и шифра и клуч, ги поделивмме, кај Елизабета е шифрата, кај мене беше клучот“.