LENNY KRAVITZ СЕ ВРАЌА ВО ОХРИД ЗА ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ!
4 – ТИ АВГУСТ
СРЦ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, објави на својот фејсбук Бобан Милошевски од „Авалон“.
Кога се концертите во прашање, во Македонија постои една легенда која многу брзо прерасна во урбан мит.
А, тоа е: ,,Имало кај нас концерти, ама ниту еден не бил ни приближно добар како оној на Lenny на стадион во Охрид”.
Добро, да – имаше нешто необјасниво таа вечер во воздухот и на сцена, а поготово во публика.
Никој никогаш и никаде не може да ,,намести” специјална вечер, кога се концертите во прашање.
Тоа се случува ретко и само од себе.
Па, за сите оние кои беа тогаш присутни, за оние кои слушале, за оние кои тогаш биле деца и во меѓувреме пораснале и го засакале, решивме да го вратиме Lenny Kravitz во Охрид, на истото место и скоро во истото време, за Илинденските празници, на 4ти август.
Впрочем, митовите затоа и постојат – за да се рушат со нови, уште поголеми митови.
Lenny е секогаш Lenny: A класа светски артист чии концерти се највозбудливото искуство кое може да го приреди live индустријата денес. Но, овој пат доаѓа поголем од било кога до сега, како дел од европската турнеја “Blue Electric Lights 2024”, во која претежно ќе биде хедлајнер на многу светски, големи фестивали, како и неколку соло концерти, во кои спаѓа токму и охридскиот.
Lenny во моментов е номиниран за член на “Rock and Roll Hall of Fame”, а неговиот нов албум со наслов “Blue Electric Lights” излегува на 24ти мај.
И, за крај… да, Lenny сакаше да се врати во Охрид.
Рутата се направи специјално така за да овој пат се исполни и вашата, и нашата и неговата желба.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (17ти април) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk, во продажната мрежа на ticketx низ Македонија и во неколку алтернативни продажни места во Охрид по следниве цени и категории:
Партер – 1.990 денари
Фан пит – 3.000 денари (само 2.000 влезници)
Трибини – 3.000 денари (нумерирани седишта)
УЛТРА ВИП – 6.000 денари
Се гледаме на 4ти август на СРЦ Билјанини Извори!