Производот му овозможува на корисникот да ја применува функцијата за безжично полнење на широк спектар на лаптопи. Уредот ја користи „Power by Contact“ технологијата на компанијата „Energy Square“.

Пакетот се состои од 3,2 мм тенка подлога од четкан метал, која може да се обеси на ѕидот или да се постави на маса. Исто така има и долг безжичен приемник кој се прицврстува на основата на лаптопот и се поврзува преку „USB-C“ порта.

Откако ќе се постави, системот може да полни најмногу 13-инчни и 14-инчни „non-touch“ ноутбукови до 65W. Ефикасноста на полнењето е 93 проценти, и работи и со „Windows“ и со „macOS“ уреди.

„Lenovo“ во октомври ќе го објави комплет за безжично полнење наречен „Go“, по цена од 140 долари. Уредот е дел од новата линија додатоци со брендирање „Go“, која исто така вклучува и моќна банка опремена со „Qi“, безжичен глушец, тастатури и слушалки.