СВР Охрид информира дека вчера во 19 часот и 40 минути во Одделението за внатрешна контрола – Струга било пријавено превртено возило марка „Нисан примера“ со струшки регистарски ознаки на шумски пат во атарот на Делогожда, а во близина на автомобилот имало починато лице.
– Од извршениот увид предводен од надлежен јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Т.Д.(76) од струшкото село Ливада, кој при управувањето со автомобилот, изгубил контрола и излетал од патот, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.