Полицијата и понатаму ќе го чува Венко Филипче, иако веќе не е министер за здравство – дознава Радио Лидер од полициски извори.

Како што дознаваме, вчера Венко Филипче поднел барање до МВР да продолжи со негово лично обезбедување и возач затоа што наводно имал закани по животот.

За какви закани станува збор нема детали, но, јасно е дека поранешниот министер и понатаму ќе биде обезбедуван на државна сметка.

Лидер испрати прашања до МВР, но до моментот на објавување на оваа информација немаме одговор која е причината поради која Филипче ќе биде обезбедуван.