Жрепката, која се одржа кон крајот на август, ни гарантира неколку спектакуларни натпревари, а во фокусот на првиот натпреварувачки ден ќе биде дуелот на Ноу Камп, кој ќе се одигра вечерва во 21 часот, во кој Барселона ќе го дочека Баерн.

Европската титула ја брани Челзи, кој се засили пред новата сезона, додека двата најголеми фаворити, според експертите и светските обложувалници, се Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.

Од оваа сезона, правилото „гол во гости“ нема да важи во Лигата на шампионите, што треба да донесе многу поголема возбуда и напаѓачка игра во нокаут фазата на натпреварувањето, која започнува на 15 февруари.

Натпреварите од осминафиналето се играат од 15 февруари до 16 март, четвртфиналето е закажано од 5 до 13 април, а полуфиналните натпревари од 26 април до 4 мај.

Финалето ќе се одигра на 28 мај во Санкт Петербург на стадионот „Крестовски“.