Лина Ѓорческа имаше послаб старт во осмифиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, но со пресврт успеа да ја совлада денешната ривалка.

Македонската тенисерка се соочи со Миа Ристиќ, а талентираната српска тенисерка го доби првиот сет со 6:3.

Но, тоа не ја откажа Ѓорческа од посакуваниот резултат, па нашата претставничка ги искористи квалитетот и искуството за да ги добие следните сетови со 6:2 и 6:3 и да го продолжи сингл настапот во Србија.

Во четвртфиналето, противничка на Лина ќе и биде Французинката Лои Боасон, која денеска исто така играше три сета во дуел со српска претставничка.

Фјучрсот во Куршумлиска Бања се игра за награден фонд од 40.000 долари.