Премиерката на Велика Британија Лиз Трас денеска поднесе оставка.

Таа рече дека поднесува оставка како премиер, разочарана што нејзината економска програма ги шокираше пазарите и ја подели нејзината Конзервативна партија само шест недели откако беше назначена.

Со ова Трас стана најкраткотрајниот британски премиер. Таа беше на функцијата само 45 дена. Вториот премиер со најкраток стаж беше Џорџ Канинг, кој служел 119 дена пред да умре во 1827 година.

Проблемите почнаа, вели Би-би-си, кога нејзиниот прв канцелар, Кваси Квартенг, ги заплаши финансиските пазари со својот минибуџет на 23 септември.

Оттогаш, вознемиреностa кај конзервативците се претвори во широко распространет гнев во партијата.
Фунтата првично скокна веднаш по нејзиното соопштение, а потоа се врати на околу 1,12 долари.

Канцеларот Џереми Хант потврди дека нема да биде следниот лидер на конзервативците и премиер на Велика Британија.