Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на општина Центар ,Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна ре-употреба .
Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата.
За реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија:Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.