Германската авиокомпанија „Луфтханза“ и италијанското Министерство за финансии потпишаа меморандум за купување на малцински удел во италијанската авиокомпанија „ИТА Ервејс“, пренесува италијанската новинска агенција „Анса“, објави порталот Каматица.
„Луфтханза“ е на прагот да ја преземе италијанската државна авиокомпанија Според неофицијални извори, „Луфтханза“ треба да издвои меѓу 250 и 300 милиони евра за 40 отсто од акциите во компанијата. Извори на кои се повикува агенцијата, меѓу другото, објаснуваат дека крајната цел на тековните преговори е што поскоро потпишување на купопродажниот договор. Ова е основа за добивање согласност од Европската комисија.
Луфтханза на тој начин би требало да дојде во сопственост на италијанскиот авиопревозник до летото. Според објаснувањата на изворите на „Анса“, италијанската влада под раководство на премиерот Ѓорѓе Мелони сака „ИТА Ервејс“ што е можно поскоро да ужива во „синергетските ефекти“ што ќе ги донесе приклучувањето кон групата „Луфтханза“. Се очекува Европската комисија да одобри стекнување на малцински удел во компанијата. Поинакво сценарио не би било можно бидејќи самата комисија побарала продажба на авиокомпанијата од Италија, пренесува „Анса“.
Стравувањата дека компанијата ќе стане само база за транспорт на патници во центрите на Луфтханза во Франкфурт и Минхен, исто така, не постојат, велат изворите на Анса, кои додаваат дека директните летови на долги релации ќе продолжат да работат. Германскиот авиопревозник, кој ги вклучува „Свис“, „Бриселс ерлајнс“ и „Аустриан ерлајнс“, во средината на јануари објасни дека сака да создаде клучен европски центар во Рим и дека ќе понуди директни летови до Рим од САД. Како што истакнаа, првично би купиле малцински удел, а во иднина би имале опција за купување и на преостанатите акции.